Зелена акција за Велес
Пролетта оваа година официјално ќе пристигне на 20 март. Зелената коалиција ќе ја пречека организирано со манифестацијата „Зелена акција за Велес“. На 20 март во периодот од 11-12 часот ќе се одржи традиционалниот велосипедски крос во кој учествуваат учениците од основните и средните училишта во Општина Велес. Целта на кросот е плоштад С’рмаале. Одовде, во 12:00 часот, организирано сите присутни ќе се упатат кон Спомен - костурницата каде под мотото „Зелена акција за Велес“ ќе се посадуваат дрвца.
Во обележувањето на Деновите на пролетта покрај Зелената коалиција учествуваат и Општина Велес, ЈКП „Дервен“, општинските основни и средни училишта, велосипедските клубови и сите заинтересирани граѓани.