Нема отстапки од битката за здрава животна средина
Порака од Градоначалникот Коцевски до купувачите на топилницата
Потенцирајќи уште еднаш дека нема ништо поважно од здравјето на
човекот, пред се на децата, Градоначалникот Аце Коцевски на прес
конференција им порача на купувачите на топилницата да ги сватат
сериозно одредбите на Уставот на Република Македонија и законите
со кои се регулира заштитата на животната средина. Тој ги повика
купувачите да остварат разговори со него и со Советот на Општината и
постојано да бидат свесни што купуваат.
„Ако не прифатат, заедно со невладините организации ќе направам се агонијата во која живееше Велес да не се повтори“
Коцевски најави дека ќе ги поддржи купувачите доколку размислуваат за дислокација што ќе значи истовремено решавање на еколошките проблеми и проблемите со невработеноста.