Пошумени нови 15 хектари на локалитетот "Гроот"

Image Во организација на Општина Велес се изведе традиционалната акција за пошумување на голините во непосредна близина на градот.
400 учесници на пролетното сонце засадија 30 000 садници од багрем и чемпрес донирани од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Голините на "Гроот" беа повеќедецениска реалност. Општина Велес си постави задача заедно со граѓаните полека, но сигурно да го подигнува зелениот појас околу Велес. Во изминатите две години на локалитетот се пошумени 65 хектари високо еродирано земјиште.

Пошумуваме денес, за утре нашите деца да имаат природен филтер на загадениот велешки воздух, а и да рекреираат за време на викендите.

Пошумуваме за да му го вратиме на градот неговото вистинско знечење по кое го добил името со доаѓањето на Словените на Балканот, од словенското В'ЛЕС што значи в шума (заради густите шуми што го опкружувале).

Општина Велес им се заблагодарува на сите учесници, а особено на Македонски шуми-подружница Велес, ЈКП "Дервен", Црвен крст, НВОи, Центар за социјална работа, учениците на средните училишта со одговорните наставници, припадниците на АРМ од гарнизонот во Велес за активното учество во акцијата.

Image

Image