Честит роденден, Плането!
Во пресрет на 22 април, Светскиот ден на планетата
Земја, Општина Велес на своите граѓани им упатува порака за свесност,
совесност и грижа за животната средина. Светското мото за одбележување на 22 април оваа година е:
"Секој ден е ден на планетата Земја. Пријателите на Земјата го прават секој ден-ден на Земјата за Вас".
Планетата страда од несовесното однесување на човекот.
Климатските промени, уништувањето на шумите, намалување на озонскиот слој, ширењето на хемикалиите, намалување на богатството од растителни и животински видови се проблеми пред кои сме соочени на глобално ниво. Последиците кои тие ги предизвикуваат врз животната средина и здравјето на луѓето се огромни. Нивното решавање нема да биде едноставно.
Коренот на овие проблеми се многу лошите навики на фокусирање на мислите на конзумирање, а не на конзервирање, на фокусирање повеќе на сегашноста, а не на иднината, на фокусирање на нас, а не на целокупниот живот на планетата.
Обесхрабрувачкиот збир на проблеми создава обесхрабрувачка агенда. Но ризикот од непреземање на тие чекори е многу поголем отколку од тешкотиите што го следат реализирањето на тие иницијативи.
За да ја зачуваме нашата планета, мора да ги менуваме нашите навики и да предизвикаме транзиција на културата и свеста.
Мислете глобално, но делувајте локално!