Одбележување на Светскиот ден на планетата Земја
Општина Велес го одбележува 22 април, Светскиот ден на планетата Земја
22 април - Светскиот ден на планетата Земја, Општина Велес ќе го одбележи преку организирање на акции на чистење на комунален смет со локалното население од населеното место Оризари на 22.04.2006 год. (сабота) со почеток во 8.00 часот.

Во насока да обезбеди услови за одбележување на првомајските празници
во чиста природа, на 25.04.2006 год. (вторник) ќе се организира чистење
на езерото Младост со учество на корисниците на социјална помош.
За таа цел, упатуваме АПЕЛ до граѓаните на Општина Велес за совесно постапување со отпадот и непалење на оган во излетничките места.
Се молат граѓаните кои ќе ги прославуваат првомајските празници на најпосетеното излетничко место – езеро Младост создадениот отпад да го депонираат во четирите контејнери за отпад кои се поставени од ЈКП "Дервен".