Велес, прва ГМО слободна зона во Македонија
Советот на Општина Велес, врз основа на своите надлежности за заштита
на животната средина и здравјето на луѓето донесе Декларација за
прогласување на Општина Велес за регион во кој нема да се внесува,
одгледува и произведува било каков генетски модифициран организам
(ГМО), без разлика дали се работи за растение, животно, храна (ГМО
слободна зона).
Оваа декларација е граѓанска иницијатива чии подносители до Општина
Велес се: Центарот за поддршка на НВО-Велес и ЕД "Вила Зора", а
предлагач до Советот е Градоначалникот г-дин Аце Коцевски.
Причините за декларирање на Општина Велес како "Прва слободна зона од Генетски модифицирани организми (ГМО)" е заради нивната сериозна закана по животот и здравјето на луѓето, домашната економија и земјоделското производство, животната средина и природата.
ГМО се последица на интензивни биотехнолошки истражувања каде во лаборатриски услови се врши манипулирање со генетскиот состав на организмите со цел да се внесе одреден ген во растителните и животинските производи и семиња. Во природни услови, ГМ посевите стапуваат во интеракција со природата, се размножуваат, мутираат, го напаѓаат околниот жив свет и го уништуваат. Тие предизвикуваат стерилност на почвата, имаат силно хербицидно својство и уништуваат дел од биодиверзитетот.
Општина Велес се соочува со последиците од долгогодишната неконтролирана контаминација на почвата и животната средина со тешки метали. Општината мора да работи на ремедијација на почвата, а не дополнително да ја контаминира со ГМО полутанти.
Прогласувањето на Општина Велес за "Прва слободна зона од Генетски модифицирани организми" има за цел:
Со изгласување на оваа Декларација Општина Велес:

- да го изрази ставот на граѓаните на Општина Велес дека не се дозволува внес, производство и продажба на ГМО производи;
- да ги заштити граѓаните од недекларирана и опасна храна по нивното здравје;
- да ги заштити автохтоните семиња во регионот;
- да го заштити биодиверзитетот од растителни и животински видови во регионот;
- да ја прифати препораката на ЕУ пред пристапувањето земјите да се воздржат од воведување на ГМО во животната средина.
Со изгласување на оваа Декларација Општина Велес:
- го следи примерот на Италија, Грција, Ирска, Полска, Словенија и ќе се приклучи во семејството на општини кои рекоа "НЕ за ГМО";
- ги охрабрува и другите општини во Република Македонија да ја следат и да се декларираат како ГМО слободни;
- праќа порака за свесноста за проблемот, решителноста да се спречи пред да стане сериозна закана чии последици тешко ќе се санираат.