Пролетна акција за собирање на габаритен отпад

Општина Велес ги известува граѓаните дека ЈКП Дервен од 15ти Март до 7ми Април 2012 година ќе организира пролетна акција за собирање на габаритен отпад.
Се молат граѓаните доколку имаат потреба за отстранување на габаритен отпад да пријават на тел (043) 233-768 во РЕ Комунална хигиена секој работен ден од понеделник до петок од 07:00 до 14:00 часот и во сабота од 07:00 до 12:00 часот.
Во габаритен отпад спаѓаат: делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија, пластични сандаци, гајби, алатки, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарии.
Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна за граѓаните.