Водата од природните чешми и пумпи не е безбеднa
Се испитуваат водоводни објекти, претпријатија приклучени на градски водовод и претпријатија со сопствени изворишта, селски водоводи и чешми, бунари и природни чешми во однос на хемиската и бактериолошката исправност.
- Од хемиската неисправност кај испитуваните примероци најчеста е појавата на матност, присуство на железо и нитрати.
- Многу често во природните чешми потеклото на нитратите (хемиска контаминација) е од минералниот состав на почвата или антропогено влијание врз природната чешма (присуство на отпад).
- Бактериолошката контаминација е предизвикана од присуство на колиформни бактерии-индикатори на фекално загадување.
- Во основа сите природни чешми, пумпи и бунари со исклучок на Башино село и Шорка се со променлив квалитет и не се препорачуваат за пиење од страна на луѓето.
Извештаите за квалитетот на водата за пиење во Oпштина Велес редовно се објавуваат на web страната на општината.
Ред.бр. |
Природни чешми со води со променлив квалитет |
1 |
Штипска пруга |
2 |
Дервенски поток мала чешма |
3 |
Дервенски поток голема чешма |
4 |
Црква Св. Никола |
5 |
Пузево трло |
6 |
Ул. Тодор Јанев на рид |
7 |
Петрова чешма |
8 |
ул. Игманска горна чешма |
9 |
ул. Игманска долна чешма |
10 |
ул.Стојан Бурчевски |
11 |
Чешма под мост Дервенски поток |
12 |
Црква Св. Илија |
13 |
Стадион |
14 |
Црква Св. Пантелејмон |
15 |
Бојаџина чешма |
16 |
Бабуна до кланица Л&Ј |
17 |
Црква Св. Ана |
18 |
ул.Орце Мартинов |
19 |
ул. Љубљанска 15 |
20 |
Саботна вода |
21 |
Богдан Каракостев 37 |
22 |
Родна Ивева кладенче |
23 |
Вера циривири 179 |
Ред.бр. |
Пумпи и бунари со води со променлив квалитет |
1. |
Енгелсова 4 |
2. |
Ленинова 27 |
3. |
Ленинова 34 |
4. |
Марксова 16 |
5. |
11 Октомври 9 |
6. |
11 Октомври 26 |
7. |
Никола карев 41 |
8. |
Крсте Мисирков 22 |
9. |
8 март 41 |
10. |
Сутјеска 1 |
11. |
Трпезица |
12. |
Вардарска 60 |
13. |
Населба Превалец |
14. |
Речани |
15. |
Андон Шурков лулашки |
16. |
Андон Шурков УЗУС |