Децата се нашата еколошка сила
На 5 јуни, Светскиот ден на екологијата учениците
од ООУ "Васил Главинов" покажаа голема еколошка зрелост. Во присуство
на заменик постојаниот претставник на УНДП, г-дин Норимаси Шимомура и
Градоначалникот г-дин Аце Коцевски, претставници од Општина Велес и
Прокредит банка, учениците од 1-во и 3-то одделение ја доловија сликата
за животната средина искреирана во умните детски глави.
Преку едукативните еколошки материјали – боенки и тестови се пренесе
пораката за заштита на природата, нивните чувства и грижа кон истата.
Потоа Градоначалникот и гостите заедно со учениците засадија 10 зимзелени садници во знак на сеќавање на нивното присуство во училиштето и организираа акција на чистење во училишниот двор.
Општина Велес и во иднина ќе ги поддржува сите активности за промоција на заштитата и унапредувањето на животната средина и одржливиот развој при спроведување на образовните активности, согласно децентрализираните надлежности од Законот за животна средина.