Започна реализација на проектот “Времено ангажирање на невработени лица во вршење на јавни работи”

Од денес, 48 лица од Општина Велес се работно ангажирани во ЈКП Дервен за вршење на јавни работи - чистење, уредување и озеленување на општината.

Во период од шест месеци ќе се работи на чистење и уредување на градските улици, зелените површини во општината, пристапните влезови во градот, градските гробишта, брегот на река Вардар, крајбрежниот појас на езерото Младост. Со времено ангажираните вработувања преку овој проект ќе се овозможи дополнителна поддршка со човечки ресурси на јавното комунално претпријатие за уредување на општината; ефикасно и ефективно вршење на јавни работи за краток временски период; подобрување на социо-економската состојба на лицата и нивните семејства. Севкупната проектна координација ќе биде водена од работните тимови од Општина Велес, Центар за вработување Велес и ЈКП Дервен Велес.