За почист Велес
Општина Велес во соработка со ЈКП "Дервен" и Центарот за социјална
работа Велес во изминативе два месеци спроведе акции за чистење на
неколку локалитети.
Во насока на заштита и унапредување на животната средина, справување со отпадот и дивите депонии се реализираа следните акции:
Во насока на заштита и унапредување на животната средина, справување со отпадот и дивите депонии се реализираа следните акции:
- чистење на езеро Младост пред првомајските празници и утрото по 2 мај;
- чистење на бетонираното корито на Дервенски поток;
- чистење на делот од Дервенскиот поток помеѓу горниот и долниот дел од Градскиот пазар;
- чистење на патот кон гробиштата во Раштани;
- чистење на депониите на патот и во населеното место Горно Оризари.
Акциите ќе продолжат и во наредниот период, но
најважно од се е да се јакне свеста дека позитивниот однос кон
животната средина и природата се од суштинско знечење за нашето
постоење. Кесите, отпадот, непрописното депонирање на отпадот, дивите
депонии од комунален и градежен шут се одраз на свеста на одделни
граѓани сеуште некаде длабоко спие.
Оваа фотогалеријата ја насловивме едноставно "ПРЕД И ПОТОА".
Оваа фотогалеријата ја насловивме едноставно "ПРЕД И ПОТОА".