Од 1-ви Април започнува ноќно собирање на отпадот и во високите зони во градот

Согласно донесената одлука од Советот на Општина Велес во месец април 2012 г. комуналниот отпад што се создава од домаќинствата и комерцијалниот отпад што се создава од од вршење на комерцијални, занаетчиски, услужни и административни активности започна да се собира во вечерните часови, во ниските зони на градот. Од 01.04.2013 г. стартува втората фаза од воведување на ноќното собирање на отпадот  и во високите зони од градот.

Со цел соодветно да ги информира граѓаните, Општина Велес отпечати леток кој со сметките за комунални услуги ќе биде поделен на корисниците. Општина Велес ги повикува граѓаните да се придржуваат на новата промена на времето за изнесување на отпадот со цел да се подигне квалитетот на услугите и да се унапреди животната средина.