Советување за Б-интегрирани еколошки дозволи
"Особена придобивка за Oпштина Велес се одредбите од Законот за животна средина кои на општината и овозможуваат надлежност за издавање на Б-интегрирани еколошки дозволи. Тоа истовремено дава законска основа општината да врши контрола над работата на производствените капацитети и емисиите на штетни материи во воздухот, водата и почвата. Во периодот што следи, раководствата на производствените капацитети и Општина Велес ќе вложат напори за совладување на процедурите за издавање на интегрирани еколошки дозволи." – истакна Градоначалникот Аце Коцевски во своето обраќање.
Г-дин Ian Maclean, експерт на ЕУ и раководител на националниот тим за Интегрирани еколошки дозволи при Министерството за животна средина и просторно планирање го истакна задоволството што Велес е прва општина во Македонија која се ангажира за олеснување на овој процес, преку едукација на претставниците на производствените капацитети.
Д-р Бошко Ников ги образложи постапките, процедурите, временскиот распоред за аплицирање до општината, а беше претставена и BAS програмата за финансиска поддршка на претпријатијата за подготвување на апликациите.
Г-дин Јован Гавриловски-национален програмски директор на програмата истакна дека кожарската индустрија "Димко Митрев", металната индустрија "Брако", фабриката за производство на талк "Димче Мирчев" и АД "Киро Ќучук" се добитници на грантови за подготовка на апликации за дозвола за усогласување со оперативен план.
Интерсот за советувањето и отпочнување на процедурата на дел од претпријатијата укажува на порастот на свеста на бизнис секторот за нивните законски обврски во заштита на животната средина.
Општина Велес превзема обврска за што подоследно, поефикасно спроведување на процедурата и обезбедување на јавност на процесот.