Заврши есенската еколошка акција во Велес
Во периодот од 25 септември до 2 ноември се спроведе акција за чистење на улиците, тротоарите и зелените површини на улиците: Димко Најдов, Моша Пијаде, Индустриска, Љубљанска, Васил Главинов, Лазо Осмаков, Вардарска, Никола Карев, Марксова, Народен Фронт, 4 јули, Кумановска. Во акцијата работно беа ангажирани 60 корисници на социјална помош, а опремата и механизацијата ја обезбеди ЈКП "Дервен".
40 тракторски приколки собран отпад и 20 приколки еродирана земја се индикатор за успешноста на акцијата.
Сепак... за Општина Велес да биде чиста и уредена општина не зависи единствено од комуналците и акциите за чистење, туку и од граѓаните кои се витален дел на заедницата.
Не постојат супериорни и умешни комунални претпријатија во спроведувањето на комуналната хигиена, ако немаат помош од граѓаните. Секој поединец мора да биде свесен дека е лично одговорен за чистотата и уредноста на општината.
Кон оваа цел потребно е да се канализираат заедничките напори на локалната власт, јавното комунално претпријатие, еколошките невладини организации и граѓаните.