Апликација на „БРАКО“ за еколошка дозвола

Градоначалникот на Општина Велес

ОБЈАВУВА
Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план


Согласно член 134 и 135 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/2005), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за Дозвола за усогласување со оперативен план (бр. 1304-3774/1).
Подносител на барањето:

Друштво за производство, трговија и услуги БРАКО ДОО увоз-извоз Велес

Адреса:
"Раштански пат бб"., 1400 Велес
Координати на локацијата:
41°42`59.63``N 21°45`37.81``E

Контакт лице:
Зоран Јаневски – Раководител за животна средина (e-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.); тел: 043/231-049

Категорија на инсталација:
Производство и преработка на метали; Инсталација за обработка на ферометалите со нанесување на заштитни слоеви од растопен метал

Вид активности:
Производство на жичани производи - поцинкована жица 5400 т/год, палена жица 5040т/год, клинци 11700 т/год.

Целокупната документација содржана во барањето, предлог - оперативниот план и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност од 18.12.2006 -18.01.2007г., во просториите на:
 
Граѓански сервис центар во Општина Велес
ул. "Панко Брашнар" бр.1, Велес
Секој работен ден од 7.30-15.30 часот
Контакт телефон: 043/232-406
                                  
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Аце Коцевски