Апликација на „ДИМКО МИТРЕВ“ за еколошка дозвола
Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план
Согласно член 134 и 135 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/2005), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за Дозвола за усогласување со оперативен план (бр. 0806-2391/3).
Подносител на барањето:
Друштво за производство и трговија на крзно и крзнени производи
"ДИМКО МИТРЕВ" АД увоз-извоз Велес
Адреса:
"Димко Најдов " бр. 94, 1400 Велес
Координати на локацијата:
41°21`8.92``N 21°47`28.54``E
Контакт лице:
Љубомир Богоевски – технички директор, тел: 043/234-166; 232-560
Категорија на инсталација:
Постројка за штавење сурова кожа и кожа со капацитет на обработка
поголем од 0,5 т/ден, а помал од 12 т/ден готов производ
Вид активности:
Производство на крзно и крзнени производи - 1,2 т/ден
Целокупната документација содржана во барањето, предлог-оперативниот план и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност од 25.12.2006 -25.01.2007г., во просториите на:
Граѓански сервис центар во Општина Велес
ул. "Панко Брашнар" бр.1, Велес
Секој работен ден од 7.30-15.30 часот
Контакт телефон: 043/232-406
на Општина Велес
Аце Коцевски