Рециклираме за хумани цели
Одбележувањето на "Деновите на пролетта-денови на екологијата" во Општина Велес започна со собирна училишна акција на ПЕТ амбалажа (шишиња од вода и газирани пијалоци). За време на викендот децета во своите домови започнаа да ја селектираат ПЕТ амбалажата од останатиот домашен отпад. Собирните пунктови се отворија во утринските часови во сите општински училишта и детската градинка "Димче Мирчев".
Со полни кеси пластика пристигнувајќи на училиште тие ги полнеа големите вреќи, собираа и селектираа отпад се до 14.00 часот. Отпадот се транспортираше до откупниот центар "Еко Ерас" во Превалец и се продаде по повластена цена од 10 денари за килограм амбалажа.
За 6 часа учениците собраа 724,7 кг. ПЕТ амбалажа. Средствата од продадениот отпад се донираа за потребната хируршка интервенција на 7 месечниот Петар.
Учениците покажаа дека се мали по возраст, но големи по дух.
Општина Велес го промовираше рециклирањето со цел да покаже дека дел од отпадот не е ѓубре и не треба да заврши на комуналната депонија, да укаже на потребата за селектирање и рециклирање за заштита и унапредување на животната средина.
Општина Велес на малиот Петар му посакува успешно оздравување. Собраните средства не се големи, но се собрани со труд и заложби на децата од Велес.