Пролетта дочекана со игра и песна
По повод одбележувањето на најголемиот еколошки празник 21 Март - "Денови на пролетта-денови на екологијата" Општина Велес ја организираше традиционалната културно-забавна манифестација со мотото: "Глобалното затоплување - закана".
И додека цела зима не заврна капка дожд ниту снег, пролетта не изненади со променливото време и ја пресели манифестацијата од отворено во спортската сала "Парк-спорт".
Учесниците од детската градинка "Димче Мирчев", општинските основни училишта, ритмичката група "Анабела" и Друштвото за грижа за здраво поколение ја поздравија пролетта и испратија пораки за зачувување на природата. Тие преку инструменталните точки и драматизации укажаа на потребата од негување и градење на еколошката свест за да се спречат последиците од човековите активности врз менувањето на климата и животната средина.
Општина Велес се заблагодарува на сите учесници и нивните ментори за реализација на манифестацијата.