Акција за пошумување – 2007
Во рамките на одбележувањето на "Деновите на пролетта-денови на екологијата", Општина Велес организира граѓанска акција за пошумување на 31.03.2007г. (сабота) на локалитетот "Езеро Младост". Овој простор беше опожарен пред неколку години и за обновување на 2 хектари површина Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и додели на Општина Велес 2 000 садници.
Во акцијата ќе земат учество вработените во Општина Велес, ЈКП "Дервен", АРМ, Прокредит банка, НВОи, ученици од средните училишта.
Општина Велес има обезбедено организиран превоз. Автобусот ќе тргнува во 8.00 часот пред стоковната куќа "НА-МА".
Би ни било задоволство доколку земете учество во оваа еколошка акција и бидете дел од поборниците за озеленување на рекреативниот центар "Езеро Младост".