Tour de Veles 2007
Под покровителство на Општина Велес, а во организација на Сојузот на спортови, ЕД "Вила Зора" и Младински велосипедски клуб на 25 март се случи велосипедска трка низ Велес. На стартот повеќе ученици, а помалку возрасни велосипедисти со нетрпение го очекуваа почетокот на трката. Движејќи се низ улиците на Велес за момент го запреа сообраќајниот метеж во градот.
Учесниците и екологистите упатија порака за користење на велосипедот како алтернативно превозно средство "пријателско" кон животната средина. Воедно трката имаше за цел да го промовира велосипедизмот како спортска дисциплина и да ги мотивира граѓаните да излезат од своите домови и да ги користат благодетите на природата.