Пошумени 2 хектари на езеро Младост
Во рамките на одбележувањето на Деновите на пролетта - денови на екологијата во организација на Општина Велес се изведе традиционалната акција за пошумување. Учесниците во акцијата засадија 2000 зимзелени садници на езерото Младост донирани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Оваа површина пред 4 години беше жртва на пожар во која беа уништени 20-годишни борови садници. Имајќи го во предвид значењето на езерото како еколошка средина во која велешани наоѓаат прибежиште од урбаниот Велес имаме обврска да ја обновуваме, зачуваме и да водиме грижа за околината на езерото.
Поборници за озеленување на дел од рекреативниот центар "Езеро Младост" оваа година беа: вработените во Општина Велес, ЈКП "Дервен", АРМ, Прокредит банка, ЕД "Вила Зора", ученици од УСО "Гимназија Кочо Рацин".
Општина Велес им се заблагодарува на сите учесници во пошумувањето, а на Прокредит банка за донацијата и помошта во организирање на акцијата.