Амбасадорот Фуере во работна посета на Велес
Во рамките на посетата на Велес, Ерван Фуере, Специјален претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата на Европската Комисија во Република Македонија, оствари работна средба со градоначалникот Аце Коцевски на која беа разменети мислења околу клучните приоритети пред стартот на втората фаза на процесот на децентрализација.
Оценувајќи ја втората фаза на децентрализација како клучна за процесот на реформи во локалната самоуправа, градоначалникот Коцевски укажа на неопходноста од почитување на одредбите на Законот за финансиорање на единиците на локална самоуправа и либерализација на критериумите за фискална децентрализација што ќе овозможи во втората фаза од реформите да влезат поголем број општини. Неопходноста од трансфер на надлежностите над градежното земјиште за поттикнување на локалниот економски развој, отворените прашања во сферата на образованието, барањата на општините преку ЗЕЛС за зголемување на приходите од ДДВ и персоналниот данок на доход, регионалниот развој во согласност со европските принципи и стандарди беа само дел од темите на средбата.
Амбасадорот Фуере оствари средба и со претседателот на Советот на Општина Велес Трајко Бабунски и координаторите на советничките групи на која беа разменети мислења по повеќе значајни прашања за работата на Општина Велес и процесот на децентрализација. Во рамкиите на посетата Амбасадорот Фуере оствари средба со ученици од ОСУ „Јовче Тесличков“ на која одговараше на актуелни прашања на учениците поврзани со либерализацијата на визниот режим, можноста за студирање во земјите членки на Европската Унија, процесот на евроинтеграции и постојните програми во областа на образованието што ЕУ ги имплементира во Република Македонија. Притоа Фуере им порача на младите дека успехот на евроинтеграциите пред се ќе зависи од посветеноста на сите поединци, организации и институции на спроведувањето на реформите и исполнувањето на условите за членство.
Екологијата и правата на граѓаните во фокусот на вниманието
Европските стандарди за заштита на животната средина: Предизвик или крај на агонијата на Велес беше темата на трибината што по повод 9-ти Мај, Денот на Европа се одржа во организација на Општина Велес и Европското движење на Македонија.
На трибината се дебатираше за прашањата што ги засегаат граѓаните на Велес - загадувањето и последиците врз животната средина, како и обврските на Република Македонија за усогласување со стандардите и директивите на Европската унија за животна средина.
Трибината беше со цел да овозможи отворен дијалог и партнерство со сите непосредни фактори за заштита и унапредување на животната средина, да укаже за правата и обврските на националните, локалните власти, бизнис заедницата и граѓаните во спроведување на Европските стандарди, а од друга страна да ги претстави насоките на европската заедница во оваа област.
Во своето воведно обраќање Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Аце Коцевски се осврна на тридецениското работење на Топилницата за олово и цинк и загадувањето кое таа го предизвика врз животната средина, последиците по здравјето на граѓаните, а особено на децата, интензивната соработка со еколошките здруженија на граѓани за алармирање на домашната, но и меѓународната јавност за Велес, како и активностите кои општината ги превзема за унапредување на состојбите со животната средина.
"Граѓаните на Велес имаат право да не бидат дискриминирани во остварувањето на темелните човекови права загарантирани со Уставот и законите на Република Македонија. Општина Велес единствено ќе поддржи решение кое обезбедува исполнување на сите стандарди и услови за добивање на А-интегрирана еколошка дозвола на Топилницата согласно одредбите од Законот за животна средина и ЕУ директивите" – истакна Коцевски.
Г-динот Ерван Фуере, Специјален претставник на ЕУ и шеф на делегацијата на Европската комисија во Република Македонија изрази задоволство од високото ниво на соработка помеѓу локалните власти, НВО секторот и стручната јавност во алармирањето за проблемите со животната средина во Велес и укажа на напорите кои државата треба да ги вложи во достигнувањето на ЕУ стандардите за подобрување на квалитетот на воздухот, водата, почвата.
"Велес е несреќен пример на спроведување економска политика во минатото, која не водела сметка за загадувањето на животната средина. Еден од основните принципи кои подолго време ги спроведува Европката унија е дека е поевтино да се вложи во превенирање на загадувањето, отколку подоцна да се лекуваат последиците кои загадувањето ги предизвикува врз животната средина и здравјето на граѓаните.
Заштитата на животната средина е дел од евроинтеграциските процеси кој содржи најголем број на закони и правила што земјите членки мора да ги имплементираат, затоа што заштитата на животната средина е од суштинско значење за обезбедување на основни услови за живот на идните генерации" – истакна Фуере во своето обраќање до присутните.
Акциите потребни за решавање на наталожените еколошки проблеми во животната средина ги повлекоа најскапите инвестиции во новите членки на ЕУ за да се исполнат еколошките европски стандарди. Општо познато е дека делот за апроксимација во животната средина е нејтежок за имплементација.
Во име на Министерството за животна средина и просторно планирање се обрати заменик министерот г-ѓа Соња Лепиткова.
Таа ги образложи активностите на ресорното министерство во донесување на пакетот закони за животна средина во кои се транспонирани сите соодветни ЕУ директиви, но ја истакна имплементацијата на законите за животна средина, квалитет на амбиенталниот воздух, заштита на природата, управување со отпадот, законот за води и бучава како клучен елемент кој претстои во иднина.
Во рамките на трибината за значењето на екологијата и искуствата од спроведувањето на европските стандарди говореше и проф. д-р. Димитар Мирчев, претседател на Европското движење на Македонија.
На трибината активно учество земаа претставниците на НВО секторот и кои имаа дециден став дека ќе прифатат само дислокација на топилницата и искажаа недоверба на спроведувањето на сите мерки за заштита и унапредување на животната средина и покрај уверувањето на претставникот на Министерството за животна средина и просторно планирање дека ќе инсистира за исполнување на сите услови за добивање на А-интегрирана еколошка дозвола согласно Законот за животна средина и Европската директива за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето.