Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план
Градоначалникот на Општина Велес
ОБЈАВУВА
Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план
Согласно член 134 и 135 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/2005), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за Дозвола за усогласување со оперативен план (бр. 0806-1913/1).
Подносител на барањето:
Друштво за производство и трговија увоз-извоз
"Фамила" Горан и други ДОО
Адреса:
с. Караслари, 1400 Велес
Координати на локацијата:
41°41`08``N 21°50`09``E
Контакт лице:
Горан Митковски – управител, тел: 043/254-042
Категорија на инсталација:
Инсталација за интензивно живинарство со капацитет од
5.000 до 40.000 места за живина
Вид активности:
Производство на несилки - 5.000 броја
Производство на конзумни јајца
Целокупната документација содржана во барањето, предлог-оперативниот план и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност од 18.06.2007 -18.07.2007г., во просториите на:
Граѓански сервис центар во Општина Велес
ул. "Панко Брашнар" бр.1, Велес
Секој работен ден од 7.30-15.30 часот
Контакт телефон: 043/232-406
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Аце Коцевски