Извештаи за животната средина во 2006 година
Општина Велес и Заводот за здравствена заштита - Велес имаат воспоставено процедура на дисеминирање на резултатите од локалниот мониторинг на животната средина и здравјето на граѓаните. Сите податоци од месечните извештаи се континуирано достапни за пошироката јавност преку објавување на оваа web страница. Општина Велес ги става на увид на граѓаните следните информации:
Генералните заклучоци од информациите се:
- Состојбата со квалитетот на воздухот е многу поповолна во однос на годините пред 2004г, резултат на неработењето на Топилницата за олово и цинк и на поволните метеоролошки услови. Од анализите се гледа огромното влијание на состојбата со загадувањето на воздухот што го вршела Топилницата при своето нормално работење.
- Денови со концентрации на сулфур диоксид во текот на целата година се во рамките на граничното ниво и Велес навлегува во категорија на населени места со незагаден воздух.
- Годишните просечни среднодневни концентрации на сите мерни места се во граници што ги препорачува Светската здравствена организација (СЗО) за здравствено безбедни.
- Левата страна на градот има помало загадување од десната.
- Чадот има сезонско влијание во грејниот период, но сите резултати се во граници на препорачана здравствено безбедна вредност на СЗО.
- Во однос на прашина состојбата е поповолна во однос на 2005г. иако аероседиментот е преманентно присутен. Ова се должи на присуство на постојани извори на загадување, како сообраќај, градежна оператива, индустријата, лошото одржување на комуналната хигиена и недоволната застапеност на зелени површини во градот.
- Состојбата со хронично долните респираторните заболувања кај предучилишните и училишните деца како индикатор за оценка на влијанието на загадениот воздух врз здравјето на луѓето во последните 3 години има тренд на опаѓање.
- Континуираните следења на квалитетот на водата за пиење во градскиот водовод релативно ги задоволува законските нормативи за безбедност на водата за пиење.
- Природните чешми и бунари се епидемиолошки несигурни, со непостојан квалитет, со висок процент на бактериолошка и физичко-хемиска неисправност, а масовно се користат од населението.
- Селските водоводи и чешми се бактериолошки загадени, како резултат на санитарно-техничката необезбеденост на водоводните објекти, невоспоставената дезинфекција и немањето стручно стопанисување. Претставуваат многу голем потенцијален ризик на појава на хидрични епидемии со цревни заразни заболувања.