Издадена првата Дозвола за усогласување со оперативен план
"Денес Општина Велес ја издава првата дозола за усогласување со оперативен план во Република Македонија. Во дозволата општината пропиша бројни услови кои треба да се исполнат во однос на контрола и управување со инсталацијата, гранични вредности и фреквенција на мониторинг на емисиите во воздух, вода, почва, бучава, управување со отпадот, ракување со суровините, спречување и контрола на хаварии, план при престанок со работа, известување на надлежниот орган" – истакна Коцевски во своето воведно обраќање.
Управителот на БРАКО АД ја истакна заложбата на компанијата за економски развој во своето работење, но истовремено работејќи на минимизирање на влијанијата и спроведување на мерките за заштита на животната средина.
Г-дин Јован Гавриловски, претставник на БАС програмата за деловно советување на мали и средни претпријатија го изрази задоволството што БАС финансиски го поддржа БРАКО во изготвување на барањето за добивање на дозвола за усогласување со оперативен план, денес резултира со издавање на дозвола која е услов за продолжување со работа на компанијата.
Дозволата овозможува интегриран пристап за спречување и контрола на загадувањето, а мерките од оперативниот план треба да се спроведат до крајот на 2011г. кога усогласувањето согласно законската регулатива и ЕУ стандардите ќе заврши и инсталацијата ќе аплицира за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола. За да ги направи обврските во дозволата оперативни, Општина Велес како мерка за реализација на оперативниот план определи пенали во висина од 120% од висината за спроведување на една фаза од оперативниот план која ќе се активира во случај на неспроведување на мерките во временски рок пропишан во дозволата.