Пошумени 6 хектари во околината на езерото Младост
По повод 9 Ноември-денот на Општина Велес се изведе есенска акција за пошумување на околината на рекреативниот центар "Езеро Младост". 100 учесници во прекрасниот сончев ноемвриски ден засадија 15.900 садници од багрем, бор и даб донирани од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Оваа површина во 2002 година беше жртва на пожар во која беа уништени 20-годишни борови садници. Имајќи го во предвид значењето на езерото како еколошка средина во која велешани наоѓаат прибежиште од урбаниот Велес имаме обврска да ја обновуваме, зачуваме и да водиме грижа за околината на езерото.
Општинската администрација, вработените во Територијалната противпожарна единица, Народниот музеј, вработените од ЈКП "Дервен" и војниците од Командата за обука при АРМ од Велес учествуваа во обновување на голите површини и за кратко време пошумија нови 6 хектари опожарена површина.