Депонијата се врати под надлежност на Општината

Депонија во близина на ВелесСудскиот процес против фирмата Поне ДОО – Скопје која не го испочитува договорот склучен со Општина Велес за стопанисување со градската депонија и соодветен третман на цврстиот комунален отпад заврши во полза на општината. Ова на прес конференција го соопшти градоначалникот Аце Коцевски кој напомена дека поради недговорно работење со депонијата што  изминатиов период им предизвикуваше многу главоболки на велешани поради честото палење на отпадот, Општина Велес во февруари 2005 година поднесе тужба против споменатат фирма.

Пресудата во полза на општината е донесена во септември годинава, а стана правосилна на 26 ноември. Со депонијата повторно ќе стопанисува Општина  Велес односно ЈКП „Дервен“, соопшти Коцевски.