СООПШТЕНИЕ

Општина Велес ја информира јавноста дека СЕ ЗАБРАНУВА водата за капење, спорт и рекреација на луѓето, за наводнување на земјоделските површини и за напојување на стоката, на следните места:

    - Дел од река Вардар (кај Градски парк, кај Башино село, под ХИВ, под влив на река Бабуна, Долни Дуќани)
    - Дел од река Бабуна (после кланицата АГРИА)
    - Дел од река Тополка (при влив во река Вардар).
 
Државниот санитарен и здравствен инспекторат – подрачно одделение Велес донесе решение со забрана како резултат на испитувањата на здравствената исправност на површинските води во Велес од страна на Заводот за здравствена заштита – Велес.

Решението стапува на сила веднаш и трае се додека не се констатира здравствена исправност на водата за капење и рекреација.

Општина Велес упатува апел до граѓаните, а особено на риболовците за почитување на забраната заради заштита на нивното здравје и сигурност.

ОПШТИНА ВЕЛЕС
 
(30.06.2008)