Ден на дрвото

 Image
Општина Велес активно ќе се вклучи во акцијата Ден на дрвото што по вторпат се реализира во Македонија како граѓанска иницијатива. Во Општина Велес ќе се пошумува на 2 локации: Место викано Тољан – Превалец и Место викано Ветерско. Автобусите поаѓаат во 8 часот пред Стоковната куќа и кај подружницата на ЕВН-ЕСМ,  а ќе ротираат на секои 2 часа, до 14 часот.

 

Се очекува на подрачјето на Општина Велес да бидат засадени 80.000 садници

Ги покануваме граѓаните активно да се вклучат во акцијата. На редовната прес конференција што се одржа на 17 ноември, градоначалникот Аце Коцевски упати апел до граѓаните на Велес активно да се вклучат во акцијата за пошумување.

 
(17.11.2008)