За поубав Велес: Јавна свест наместо казни

види флаер ...
 
Локалниот совет за превенција при Општина Велес, на 29 јануари годинава, започна кампања за примена на Законот за јавна чистота. Како што соопшти градоначалникот Аце Коцевски, под мотото "Придонеси за поубав Велес, почитувај го Законот за јавна чистота", Локалниот совет за превенција во соработка со општинската администрација подготви флаер за информирање на граѓаните за казнените одредби на Законот за јавна чистота. 
 
Отпечатени се 14.000 флаери кои ЈКП Дервен заедно со сметките за вода ќе ги дистрибуира до домаќинствата. Средствата за кампањата во висина од 64.000 денари се обезбедени од Буџетот на Општината, во рамките на Програмата за промоција и комуникација со јавност за 2009 година. Со цел граѓаните да се запознаат со нивните обврски согласно Законот за јавна чистота ќе се организираат едукативни предавања во сите воспитно-образовни институции (градинки, основни и средни училишта, факултети). За доследно спроведување на законот Општина Велес постави 150 корпи за отпадоци на најфреквентните улици во општината. Во наредниот период ќе се вработат комунални редари кои ќе вршат контрола над правните и физичките лица за однесувањето на јавните површини и отворените простори на јавните објекти. Градоначалникот апелираше до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота за да не се доведат во ситуација да платат глоба. Врз основа на овој закон во периодот од 22 септември до 31 декември 2008 година, од страна на МВР изречени се 700 казни, а 220 граѓани извршиле општокорисна работа во ЈКП Дервен.
 
(29.01.2009)