РЕПУБЛИЧКИ ВЕЛИГДЕНСКИ АТЛЕТСКИ КРОС

На 31 март, во Скопје на кејот на реката Вардар, се одржа трдиционалниот републички Велигденски атлетски крос.  На оваа манифестација учествуваа голем број на ученици од повеќето општини од републиката. Нашата општина ја преставуваа   спортисти, ученици од сите средни училишта како и ученици од ОЦОУ „Блаже Конески“. Во многу голема конкуренција, нашите учесници не го пофторија успехот од минатогодишниот настап. Сепак и во таква силна конкуренција, освоени се едно трето, две петти, и по едно шесто и седмо место.

Во конкуренција на ученички од прва и втора година, ученичката од СОУ „Димитрија Чуповски“Маријана Нацева го завзеде третото место и ја освои бронзената медаља. На петтото место се пласираа Радмила Неркова во женска и Ќамилов Андреја во машка конкуренција ученици од СЦУ „Коле Неделковски“, додека ученичките од ОЦОУ „Блаже Конески“ Попчева Марија и Ангеловска Александра се пласираа на шестото и седмото место.

На оваа манифестација Општина Велес беше најмасовно застапена со шеесет свои учесника во сите категории и обата пола.