Регионален натпревар „Детски семафор и сообраќајно техничка култура на младите Велес 2010“

На 07.05.2010 година во просториите на ООУ „Васил Главинов“ во Велес се одржа традиционалниот натпревар „Детски семафор“ за учениците од основните училишта од општините Велес и Кавадрци и „Сообраќајно техничка култура на младите“ за учениците од средните училишта од општините Велес и Неготино. Во регионот Велес припаѓаат општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата од Велес, Кавадрци и Неготино со подрачните основни и средни училишта како и училиштата од помалите населени места кои гравитираат кон овие општини.Натпреварот беше поделен во два дела и тоа: писмен дел - со решавање на тестови и практичен дел - вешто возење.

Прво пласирана беше екипата од општина Велес која ќе учествува во понатамошно такмичење на државниот натпревар „Детски семафор“. За „Сообраќајно техничка култура на младите“ екипно најдобро беше СОУ „Коле Неделковски“ од Велес, а екипата за учество на државниот натпревар ќе се формира од учениците кои ги освоија првите три места во поединечна конкуренција. Организатор на натпреварите беше општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата - Велес, покровител беше републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека поддршка во организацијата дадоа и „Прокредит Банка“ - Велес, „Малина 99“ - Велес и ОУД „Лазар Лазаревски“. За учесниците на натпреварот беа доделени признанија за учество, додека најдобрите добија дипломи, пехари и можност за учество на државните натпревари.