Проектен менаџмент во образованието

Здружението на педагози и психолози - Велес ги реализираше планираните обуки за водење и реализација на акциони проекти, финансирани од буџетот на општината. Обуките опфатија 69 професори кои имаа можност да ги совладаат вештините за тимска работа, методологијата за изработка на проекти, можностите за користење на ИПА фондовите. Во наредниот период, учесниците на обуките ќе направат SWOT анализа за потребите на училиштата. Добиените податоци ќе бидат база за изработка на среднорочен план за развој на образованието во Општина Велес. Училиштата во Велес се првите во Република Македонија во кои веќе има обучени кадри за користење на европските фондови.