Трета година по ред „Матурска парада“
Трета година по ред, велешките матуранти беа дел од европскиот проект „Матурска парада“. За жал, оваа година поради лошиот избор на датумот, без тенденција да го срушат Гинисовиот рекорд за бројот на учесници на настанот. Само 16 репрезенти од 716, на звуците на операта „Љиљакот“ од Штраус, водени од кореографот Цветанка Пајдакова чекореа во ист ритам со врсниците ширум европските плоштади.Од името на организаторот, Општина Велес, матурантите преку својата изјава ги поздрави градоначалникот Горан Петров.
„Вие сте нашиот бренд, нашето најдобро од Македонија. Сеќавајте се секогаш на испитот на зрелоста и на бесмртниот танц на Штраус што ве спојува со младоста и иднината на Европа, каде природно припаѓате. Животот да ви биде песна, да чекорите сигурно и достоинствено, да знаете што сакате, да покажете што умеете.“ И покрај лошото време, малубројната публика имаше можност да ужива во глетката каде се споија младоста и музиката и со бурен аплауз ги награди матурантите.