Едукативна работилница за потребата и значењето на сервисните дефектолози во основните училишта во Велес
Со финансиска поддршка на Општина Велес, а во организација на ЦПЛИП „Порака“, беше реализирана едукативна работилница на тема „Потреба и значење на сервисните дефектолози во основните училишта во Велес“. Оваа работилница е дел од проектот на училиштето за деца со посебни потреби „Маца Овчарова", која во соработка со Центарот за поддршка за лица со интелектуална попреченост - „Порака“ од Велес се реализира, со цел подобрување на квалитетот на образование на децата со посебни образовни потреби, кои се инклузирани во основните училишта.
На работилницата наставниците, стручните соработници и родителите добија теоретски и практични сознанија за проблематиката на децата со посебни образовни потреби, за значењето на раниот дефектолошки, психолошки и логопедски третман. Вакви работилници беа одржани и во општините Чашка и Градско со што се заокружи циклусот на едукативни работилници во сите основни училишта во овие три општини.