Прва посета на Новогард
На покана од Кажимир Жемба, Градоначалник на Општина Новогард, Република Полска делегација на Општина Велес и средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ од 21 до 26 октомври годинава ќе престојува во посета на збратимената Општина Новогард. Членовите на делегацијата во која покрај Градоначалникот Горан Петров се вклучени Славчо Чадиев, претседател на Советот на Општина Велес и Валентин Елисковски, директор на училиштето „Коле Неделковски“ ќе присуствуваат на свеченостите по повод одбележувањето на 40 годишниот јубилеј на збратименото средно училиште „Станислав Сташиц“.
Во рамките на посетата членовите на делегацијата на Велес ќе имаат можност да ги видат искуствата и практиките на Новогард на планот на локалниот економски развој, културата и развојот на туризмот. Се очекува на заедничките средби со претставниците на Општина Новогард да се утврдат понатамошни активности за продлабочување на соработката. Општина Велес се збратими со Општина Новогард на 3 јуни годинава кога и двете училишта потпишаа меморандум за соработка.