Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ со нова лабораторија

По повод Денот на Општина Велес, во Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ отворена е нова лабораторија за техничко образование со содветна ентериерна и компјутерска опрема. На 8-ми ноември годинава,  лабораторијата во употреба ја предаде Градоначалникот Горан Петров кој истакна дека овој новоуреден училишен простор ќе придонесе во развивање  на техничката и образовната култура на учениците од  училиштето. Лабораторијата  може да функционира со максимално 30 ученици на еден наставен час и располага со најсовремени услови за интерактивна настава и поттикнување на креативниот развој на учениците. Отворањето на лабораторијата го финансираа Општина Велес и Проектот за образование на УСАИД.

 

Директорката Стефанка Ценева истакна дека судејќи според интересот на учениците уште во фазата на реализација на проектот, лабораторијата  ќе биде најпосетената просторија во училиштето. Во училиштето настава следат 582 ученици од I до  VIII одделение.