Отворен новогодишниот саем на книгата

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ денес беше отворен традиционалниот Новогодишен саем на книгата.Се до 30 декември велешани можат да се снабдат со најновите изданија на 9 издавачки куќи од Македонија. Повеќе од 700 наслови на белетристика, детска литература, енциклопедиски изданија е саемската понудата во која може секој да најде книга по свој вкус.

 

Саемот го отвори претседателот на Советот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Во рамките на свеченоста беше промовирана едицијата „Културно наследство на Македонија“ од проф.д-р Димитар Ќорнаков, на издавачот „Матица македонска“. Во рамките на саемот утре, на 24 декември во 12:00 часот ќе биде промовирана книгата за деца „Залуденост од заљубеност“ на писателот Горјан Петревски. Саемот е отворен секој ден од 9:00 до 21:00 часот во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“.