Обележана годишнината од смртта на Павел Шатев
На 30 јануари се навршија 60 години од смртта на Павел Шатев – Гемиџија, револуционер, борец за македонската кауза, учесник во 4 војни, прв министер за правда во Владата на Македонија. Неговото родно Кратово на годишнината на смртта достојно го претстави значењето на овој накедонски деец во македонската историјата. Претставниците на Собранието на Република Македонија, Државниот архив на Македонија, семејството на Шатев и бројните гости од Кратово и Македонија имаа прилика да ја погледнат изложбата „Павел Шател“, да присуствуваат на промоцијата на книгата за Павел Шатев и да ја проследат театарската претстава „Џамалари-Дионис“. Пред бистата на Павел Шатев се поклони и делегацијата од Општина Велес. Чествувањето на Шатев ќе продолжи на 3 февруари во Битола каде е и гробот на овој велик Македонец.