Велешани уживаа во музика за душа
Во организација на Општина Велес, на 15-ти февруари годинава, во салата „Бели мугри“ се одржа концерт на Мандолинскиот оркестар при Македонската опера и балет под диригентство на Шукри Рамадан. По повод празникот на виното и љубовта присутните имаа можност да ја проследат изведбата на дела од музичките класици но и познати светски поп и џез евергрини. Во „Бели мугри“ прозвучеа валцерите на Штраус, унгарските танци на Јоханес Брамс и познати италијански канцони. Посебно одушевување кај публиката предизвика изведбата на старгорадските македонски песни.