Искуство во полза на наставниците
Во рамките на програмата за одбележување на 24-ти Мај, Денот на Сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, на 20-ти мај година, во ликовниот салон во Велес беше промовирана книгата „Наставникот е носител на промените“ од Божидар Јовиќ во издание на „Просветно дело“. За промоторот д-р Красимира Илиевска, книгата претставува продолжување на работата на Јовиќ на создавањето стручна и корисна литература за наставните книги. „Оваа книга е провокација за секој наставник што си ја сака работата, ги сака децата на кои им е посветен и пред сe сака и самиот да учи“, рече меѓу другото Илиевска.
Промоторот проф.д-р Методија Стојановски нагласи дека новата книга на Божидар Јовиќ е израз на неговото долгогодишно искуство во сферата на образованието и претставува своевидно интелектуално осознавање на образовниот процес. Во книгата Јовиќ се фокусира на наставникот и неговата улога како носител на образовниот процес притоа посочувајќи ги сите ризици и бариери во оваа одговорна професија. Книгата го носи и знакот на модернизација на образованието преку препораките за примена на современ образовен менаџмент и максимално користење на предностите на информатичката технологија. Божидар Јовиќ работи како општински просветен инспектор и ова е негова трета книга што може да им послужи на наставниците и образовните менаџери во секојдневната работа. Промоцијата го привлече интересот на стручната јавност од сферата на образованието.