48-ми Рацинови средби
Претседателот на Организациониот одбор на Рацинови средби, градоначалникот Горан Петров , денес на прес конференција ја најави содржината на програмскиот дел на оваа 48- ма по ред значајна меѓународна поетска манифестација. Пред претставниците на средствата за јавно информирање истакна дека покрај традиционалните активности, програмата нуди колаж од збиднувања кои во повеќе димензии ќе го отсликаат великанот Рацин. Традиционални настани на средбите и овој пат се оддавањето почит пред спомениците, посетата на родната куќа на поетот, стандардниот поетски митинг и врачувањето на Рациновите признанија на годинешните добитници.
На поетскиот митинг ќе настапат 8 поета од странство, 14 поети од Република Македонија и 4 од Велес. Странските гости доаѓаат од Романија, Грција, Бугарија, Србија и Украина.
„Другиот, променливиот дел на средбите оваа година го креираа буквално сите граѓани на Велес. Невладиниот сектор преку здружението „Рабој“ со нивната изложба на грнчарски производи и организација на Грнчарската работилница, Литературниот клуб „Кочо Солев Рацин“ со настапот на членови во куќата на поетот, учениците од сите општински средни и основни училишта со поставка насловена “Рациново поколение“, Изложба на стари фотографии од Велес, организирана од Народниот музеј, а опфатени се уметници од велешкиот театар и велешки студенти на Факултетот за драмски уметници со кои и ќе се отвори првата вечер на средбите. “ рече претседателот Петров.
Покрај беседата за Рацин, Симпозиумот на тема: Прозата на Рацин“, за прв пат оваа година ќе се промовира и ќе се крене знамето на Рациновите средби.
Во музичкиот дел од Средбите оваа година првата вечер ќе настапи маестро Борис Трајанов и велешкиот учесник на Македонскиот идол - Мики Секуловски. На втората вечер – народната песна инспирација за Рациновото творење, во чест на добитниците ќе настапи Зоран Џорлев со неговиот оркестар.
Претседателот на Организациониот одбор, Петров на крајот на пресот упати јавна покана до сите велешани: „Ве поканувам сите граѓани на Велес, на 8-ми и 9- ти јуни заедно да ги проследиме Рациновите средби и уште еднаш да покажеме колку сме горди на делото на големиот Рацин“.
ПРОГРАМА НА 48-мите РАЦИНОВИ СРЕДБИ
8 јуни 2011година (среда)
Почит кон Рацин
19:00 Спомен - костурница (делегација)
19:15 споменик на Рацин на ул. „Благој Ѓорев” (делегација)
19:30 Поздравна реч - споменик на Рацин во центарот на Велес
20:00Во име на Рацин
Портрет на Блаже Конески
Изложба на фотографии од стар Велес
Изложба на дела создадени на
II-та Грнчарска работилница „Рациново поколение” велешката младост за Рацин
Место: Ликовен салон
21:00 Свечено отворање на 48-тите Рацинови средби
Беседа за Рацин
Меѓународен поетски митинг
Уметничка програма
Маестро Борис Трајанов и Мики Секуловски
Место:Амфитеатар – Младински парк (алтернатива: сала „Бели мугри”)
9 јуни 2011 година (четврток)
10-19 Грнчарска работилница
Место: Музеј Спомен-куќа на Рацин
11:00-13:00 Симпозиум на тема „Прозата на Рацин”
Место: Ликовен салон
20:00 Велешките поети за Рацин
Место: Музеј Спомен-куќа на Рацин
21:00 „МУГРА”
Портрети на добитниците на Рацинови признанија за 2011 година
Врачување на Рациновите признанија
Уметничка програма
Оркестарот на Зоран Џорлев
Место: Амфитеатар во Младински парк