Делегација на Црвениот крст на Република Србија во посета на Велес

Градоначалникот Горан Петров денес  имаше средба со делегација на Црвениот крст на  Република Србија.  Делегацијата што ја сочинуваа Проф. Др. Драган Радовановиќ, претседател на  Црвениот крст на Република Србија и  Љубомир Миладиновиќ, шеф на Службата за меѓународна соработка,  беше придружувана од  Мед. Сци. Д-р Милчо Трајков, претседател на Црвениот крст на Македонија и претседател на ООЦК Велес.

 

На средбата беа разменети искуства  од  работењето и соработката на организациите на Црвениот крст од двете земји  со локалните самоуправи, начинот на финансирање и  можностите за  омасовување на оваа најголема хуманитарна организација, а беа разменети и мислења околу начинот на интенизивирање на идната соработка со организации на Црвениот крст од Србија и реализирање на заеднички проектни активности.

За време на престојот во Велес, делегацијата на Црвениот крст од Србија ги посети и просториите на ООЦК Велес, како и Античкиот локалитет Стоби.