„Танец“ ги разигра срцата на велешани
Националниот ансамбл на песни и игри „Танец“ синоќа одржа целовечерен концерт во амфитеатарот на Младинскиот парк. Со беспрекорна 90 минутна изведба, играорците, солистите, пеачките групи и оркестарот на „Танац“ уште еднаш потврдија дека се најдобрите презентери на македонскиот фолклор и традиција.