„Милден“ победник на „Тунел 2011“

18 фудбалски екипи од Куманово, Кавадарци, Скопје и Велес беа учесници на 11-тиот турнир во мал фудбал „Тунел - 2011“. Организациониот одбор и УЗ „Тунел“ од 6-31 јули го реализираа турнирот што е еден од најмасовните и најуспешните спортски манифестации во Велес. Годинава за наградата за прво место  се изборија фудбалерите на ФК „Милден“. Второпласирани се „Бабуна Афион“, за третото место се изборија фудбалерите на „Жито“ против четвртопласираниот клуб „Драганов“. За најдобар стрелец на натпреварот беше прогласен Дарко Ранготов, за најголман Христијан Николовски, а за најдобар играч Диме Андов. Наградите на најуспешните им ги додели Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров.