Обележана 70 годишнината од смртта на Коле Неделковски

На 2-ри септември се навршија 70 години од смртта на македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски. Чествувањето на делото на човекот чие патување „Пеш по светот“ сеуште трае во историската читанка на македонскиот народ, започна во дворот на ССОУ „Коле Неделковски“.  За својот патрон говореа учениците и директорот на училиштето, а пред бистата на поетот се поклонија делегации од училиштето, Општина Велес, ОО на СЗБ од НОБ, институции и установи.

Во руинираната училишна зграда со селото Војница каде е сместена и спомен-собата на поетот, во слава на Коле Неделковски свои стихови читаа поетите членови на Литературниот клуб „Кочо Солев Рацин“ од Велес. Во организација на Општина Чашка на чија територија се наоѓа родното место на Коле Неделковски, беше подготвена свечена програма во негова чест од страна на учениците на ООУ „Тодор Јанев од Чашка.