Фестивал на питите и виното - „Велешка пастрмајлија – питијада“
Општина Велес во периодот од 17-20 ноември 2011 година по втор пат ќе го празнува Фестивалот на питите пастрмајлчии и младото вино. На 17-ти и 18-ти ноември во велешките ресторани ќе отпочне точењето на вино од велешките винарии од годинешната реколта, а на 19-ти и 20-ти ноември во центарот на Велес по осми пат ќе се одржи манифестацијата „Велешка пастрмајлија – питијада“. Оваа година пвиот ден од манифестацијата ќе трае од 11-24 часот, а вториот ден од 11-19 часот.
На манифестацијата учествуваат триесетина производители на пити пастрмајлии и винарии од регионот. Настанот ќе биде збогатен со културно-уметничка програма на која ќе настапат познати имиња од велешката и македонската естрада и македонските идоли.