Свечен собир посветен на Џинот
Во организација на НУЦК Народен театар „Јоран Хаџи Константинов – Џинот“ и Општина Велес денес се одржа свечен собир по повод 190 гошнината од раѓањето на Џинот. Ова историско навраќање на корените на македонското просветителство, новинарство и драмска уметност, уште еднаш покажа дека портретот на Џинот не е уште досликан, дооткриен и доволно доближен до новите генерации Македонци и негови следбеници. Тоа не прави уште погорди што сме велешани и негово поколение и уште поодговорни пред задачата достојно да го чествуваме. Научната елита од Филолошкиот и драмскиот факултет, институтите за македонски јазик, литература и фолклор, секој од свој аспект го преслика значењето и величината на Џинот.