Градење на капацитети на младите за вработување и самовработување
Во просториите на Домот на НВО се одржа обука на тема „Градење на капацитети на младите за вработување и самовработување“. Обуката ги опфати темите за унапредување на комуникацијата, изработка на личен акционен план за развој, подготовка за интервју, изработка на CV и бизнис план, а ја спроведе Наташа Петкова обучувач од YES Инкубаторот од Скопје.
Обуката е дел од Локалната младинска стартегија на Општина Велес 2012-2016 од приоритетната област „Невработеност помеѓу младите“ и има за цел да им помогне на младите во подобрување на вештините за настап при наоѓање работа како и за развивање на нивните идеи за започнување на сопствен бизнис. Целна група за оваа обука беа младите невработени лица, студенти и лица кои претходно биле вработени, а кои сакаат да се надоградуваат во својата кариера.
