ЧЕСТИТ 8-ми МАРТ

На сите припаднички на понежниот пол Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров им го честита Меѓународниот ден на жената. Општина Велес трета година по ред осмомартовските празнувања ги издигна на нивото на кое заслужуваат жените на кои им е наменет – со честитки за респект и почити кон работата што ја вршат како домаќинки, мајки, научници и незаменливи експерти во своите области. За жал има и жени на  кои нема кој да им го честита празникот, да им подари насмевка и да ги охрабри во борбата со животот и за живитот. Токму на 10 обични хероини – самохрани мајки, жени што се борат со тешка болест и сиромаштија, а по препорака на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Општина Велес за 8-ми Март им подари по 2.000 денари.